Направиле надзорен систем кој може да ги сними буквално сите телефонски разговори во држава која NSA наумила да ја следи, пишува Вашингтон Пост.
Повикувајќи се на неименувани извори кои директно го познаваат системот, како и документите кои ги обелодени Едвард Сноуден, Вашингтон Пост пишува дека гласот кој е цел на NSA е пресретнуван со употреба на програмата „Мистик“ кој почналa да се применува во 2009 година и програмата „Ретро“ како алат за примена.
Примената на овие програми достигнале кулминација во 2011 година, пренесува агенцијата Ројтерс.
Надзорниот систем на NSA е способен да сними 100% телефонски разговори во земјата која ја имаат за цел. Ниту една друга програма, до сега, не можела да проголта цела телефонска мрежа на една земја.
Аналитичарите преслушувале само мал дел од 1 % разговори, иако апсолутниот број на комуникации под контрола на системот бил висок.
Секој месец на преработка и долгорочно складирање се упатувани милиони говорни исечоци, наведува Вашингтон Пост не објавуваќи детали кои би можеле да укажат за кои земји се работи каде е користен системот за надзор или каде било предвидено да се користи.
Во соопштението, портпаролот на NSA Кејтлин Хајден, одбила да ги искоментиранаведените разузнувачки активности на агенцијата, но рекла дека сите закани се кријат во големите и сложени системи на современите глобални комуникации. И затоа САД мораат поради тоа да собираат разузнувачки сигнали во одредени околности, за да се утврди веродостојноста на заканите, додала Хајден, а пренесува Вашингтон Пост.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град