Пад на хеликоптер

Загинале две лица

 |  инфодеск  | 

Најмалку две лица загинале кога новинарски хеликоптер кој го користела Комо-Тв од Сиетл, се срушил денес во близина на зградата од оваа телевизиска станица во Сиетл, соопштила пожарникарската служба на овој град.

Како што пренесува АР, телевизијата соопштила дека хеликоптерот се приближил до зградата со намера да слета на покривот, но удрил во страничниот ѕид и паднал на земја, удирајќи во неколку возила на улицата.

Хеликоптерот и автомобилите се запалиле, а очевидците велат дека се гледа густ чад додека пожарникарите го гасат пожарот.

На лице место се наоѓа и полицијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top