Драма во центарот на Загреб

Полицијата ги апсела по улиците

 |  инфодеск  | 

Група од триесетина лица во понеделникот околу 21.30 договориле организирана тепачка во непосредна близина на поштата на главната железничка станица.

Мажи од 20 до 30 години во меѓусебен судир покажале невиден примитивизам, палеле се пред себе и го продолжиле дивеењето кон плоштадот на кралот Томислав. Хулиганството траело околу 15-тина минути и тоа на двеста метри од полициската станица Центар. Набрзо на местото на настаните дошла полицијата и бесната маса почнале да ја апсат по околните улици на центарот на Загреб.

Во тек на вечерта приведени се 11 лица, над кои се спроведува криминална обработка а потоа и соодветни кривични пријави. Најголемиот дел од нив се од Загреб и околината, но во полициската станица завршиле и лица од Далмација и останати делови на Хрватска.

Како што се дознава, најверојатно станува збор за различни навивачки групи од Хрватска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top