Вознемирувачки моменти за време на лет

Среде лет отпаднало парче од крило

 |  инфодеск  | 

Патниците на летот 2412 од Орландо за Атланта сведочеле за вознемирувачки моменти среде летот кога се откинало парче од крилото од авионот.

Неверојатна среќа имале 185 патници и членови на екипажот на авионот на компанијата Делта, Боинг 757 кој вчера морал принудно да слета поради технички проблеми. Тие настанале кога за време на летот од Орландо за Атланта една плоча од крилото се скршила и од крилото се гледале сплет од кабли и хидраулика оставени на милост и немилост на временските услови.

Шокираните патници сето тоа го гледале од прозорците на авионот. Еден од нив ја направил и фотографијата со штетата од авионот и ја ставил на Твитер со напомена “можете ли да замислите како ми е додека го гледам ова”.  Пилотот по воспастувавње контакт со контролата на летање договорил принудно слетување поради настанатата ситуација. Принудното слетување е направено успешно и сите патници сигурно се вратени на земја.

Иако настанала ваква штета на крилото, не претставувала никаква опасност за сигурноста на авионот, рекол претставникот на Делта, Антони Блек, додека еден од патниците изјавил дека за време на слетувањето сите биле смирени и ладнокрвни. (агенција VLM).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top