Грција ги признава косовските пасоши

Одлуката од 20-ти март

 |  инфодеск  | 

Грција одлучила да ги прифати косовските пасоши со шенгенска виза, а одлуката стартува од 20-ти март, пренесуваат денешните весници во Приштина.

Заменик премиерот на Грција, Евангелос Венизелос, му ја потврдил оваа вест на косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај.

До сега, граѓаните на Косово беа обвразани да земаат грчки визи.

Грција е една од петте држави на Европската унија кои не ја признале независноста на Косово.

Венизелос рекол дека, и покрај тоа што неговата држава не ја признава званична Приштина, Косово нема да биде попречувано на патот кон ЕУ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top