Adria Airways станува нискобуџетна компанија?

Adria Airways воведува новини во работењето

 |  инфодеск  | 

Словенскиот национален авиопревозник Adria Airways од 22-ри април почнува да ги наплаќа храната и пијалоците на патниците во економската класа.

Со овој потез компанијата се приближува на „low cost” моделот, додека патниците во бизнис класата и понатаму ќе добиваат полн сервис со храна и пијалоци бесплатно, пишува регионалниот портал Seebiz.

Adria Airways служеше храна и пијалоци на сите летови во економска и бизнис класа за Брисел, Истанбул и Москва, а на сите останати летови служеше грицкалки, вода, кафе и чај, и во иднина сето тоа ќе се наплаќа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top