Десет штетни навики по здравјето

Лоши навики при нервоза

 |  инфодеск  | 

 

Тоа што го правиме кога сме нервозни повеќе им пречи на луѓето оклу нас отколку на самите себе, но некои навики кога сме нервозни навистина штетат. Експертите откриваат зошто некои од тие навики можат да бидат лоши по нашето здравје.

 – Грицкање нокти

Една работа е ако грицкате нокти додека гледате некој хорор филм а друга е ако тоа ви премине во навика. Грицкањето нокти ги оштетува ноктите и кожата околу нив. Бацилите од устата се пренесуваат на кожата и обратно. Бактериите под ноктите можат да предизвикаат инфекција на непцата и грлото. Залепете леплива лента на прстите кога сте дома за да се одвикнете од грицкање нокти.

 – Вртење на коста

Вртењето на косата може по одреден период да доведе до оштетување на коренот од косата. Тоа пак доведува до трајно губење на коста на одредени места, како и до инфекција.

 – Вртење и пукање на вратот

Вртењето и пукањето на вратот може да делува релаксирачки, но ако тоа често се прави може да доведе до повреда на лигаментите во тој предел. Со време може да дојде и до артритис, а во ретки случаеви и до мозочен удар.

 – Често допирање на лицето

Ако често го допирате лицето и ги стегате акните, може да ги оштетите површинските слоеви на кожата. Ако прокрварите, најверојатно ќе ви остане трајна трага. Не ги допирајте акните и местата кои ве чешаат. Третирајте ги со хидрантни креми.

 – Стружење со забите

Честото стегањето на забите и стружењето со нив штетат на оралното здравје. Може да доведе до повреди на зглобовите на вилицата.

 – Лижење слатки работи

Ако лижете слатки работи забите ви се капат во шеќер, што може да доведе до појава на кариес. Бактеријата се лепи на слатко и забите се расипуваат брзо.

 – Лижење и гризење на усните

Со нервозното грицкање на усните ги изложувате ензимите за варење од вашата уста. Тие ензими ја нагризуваат кожата и можат да доведат до дерматитис, па поради тоа доаѓа до суви и испукани усни.

 – Грицкање на внатрешноста на образот

Гризењето на внатрешноста на образот може да доведе до отекување па поради тоа е полесно грицкањето на тоа исто место. Со време може да дојде до хронично воспаление, крварење и правење на лузна на тоа место.

 – Употреба на гума за џвакање

Прекумерната употреба на гума за џвакање може да доведе до темпоромандибуларна дисфункција на зглобовите заради прекумерна употреба на мускулите од вилицата. Голтањето пак на воздух за време на џвакањето предизвикува надуеност во стомакот. Џвакајте што поретко.

 – Грицкање на молив или пенкало

Со грицкањето на краевите од моливот или пенкалото се изложуваме на вируси, вклучувајќи ја и настинката. Покрај ова можат да се оштетат забите и непцата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top