Изел доказ пред судија

Осуден за непочитување на судот

 |  инфодеск  | 

Откако одбил да ја предаде информацијата напишана на парче хартија, граѓанинот на Мајами Richard Masten, почнал да ја кине хартијата и да ја јаде пред судијата. Поради ова е осуден на 14 дена затвор за непочитување на судот. Судијата верува дека во затворот ќе има доволно време да размисли како се даваат информации, пишува msn.

Имено, во склоп на програмата Crime Stoppers, на граѓаните им се овозможува анонимно давање на податоци за криминални активности без страв за прогон. Masten требало да даде информација за случај на поседување кокаин. Меѓутоа одлучил да не му овозможи на судијата да ги прегледа податоците и затоа ја голтнал информацијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top