Светот во кој живееме е осуден на пропаст

Научно втемелено во NASA

 |  инфодеск  | 

Овој пат не е теорија која ја предвиделе Маите туку научно е втемелено во NASA. До пропаст на светот би дошло во следните неколку деселетија.

Група научници предупредува дека светот каков што го знаеме и во кој живееме е осуден на пропаст и дека во следните неколку десетлетиа му прети неповратен колапс.

Најновото истражување кој го овозможил Goddard Space Flight Centre, а го водел применетиот математичар Safa Motesharri укажува на тоа дека глобалната индустриска цивилизација е осудена на катастрофа поради претерано искористување на земјините ресурси.

“Процесот на успон и пропаст всушност е циклус кој во историјата се повторува” стои во текстот кој ќе се објави во списанието Ecological Economics. Комбинацијата на експлоатација на ресурсите и прекумерната потрошувачка на ресурсите и нееднаква распределба на богатствата ќе доведат до колапс на индустриското општество во рок од само неколку десетлетиа, велат научниците на NASA. Истаржувањето укажува на тоа дека и најнапредните цивилизации можат да бидат кршливи и нестабилни како на пример Римското царство.

Раслојувањето на богатството како се поголемата разлика помеѓу богатите и сиромашните и преголемото искористување на постоечките ресурси, одиграле важна улога во пропаста на разни општества во историјата.

За да се спречи катастрофата, научниците од NASA препорачуваат начини со кои би можеле поправедно да се распределат ресурсите, значително да се намали потрошувачката на ресурси и да се успори растот на популацијата во светот.

Интересно е, пишува британското списание Metro, дека експертите кои ги финансира NASA поминале повеќемесечно истражување и потрошиле многу пари за да заклучат дека теоријата, од 18-ти век на англискиот демограф и политички економист Thomas Malthus, е исправна. Иако теоријата на Malthus одмна е отфрлена како погрешна, во најразвиените земји многумина ја сметаат за исправна и вложуваат милијарди за да го успорат растот на популациите во Африка, Азија и Јужна Америка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top