Откриена причината за необјавување на фотографиите

Правата вистина зошто не се објавени фотографиите од убиството на Бин Ладен

 |  инфодеск  | 

Се чини дека конечно е откриена правата вистина зошто не се објавени фотографиите од убиството на Осама бин Ладен. Накраткo по акцијата на американската специјална служба SEAL, не останало ништо за фотографирање.

Новиот извештај на SOFREP, интернет страна посветена на американските специјални единици, фрла ново светло на прашањето зошто фотографиите од убиството не излегле никогаш во јавност. Неименуван извор од специјалните единици наведува дека тие фотографии би прикажале прекрвави детали и дека американските специјални единици, спротивно од службените извештаи, во бин Ладен испразниле премногу шаржери, пренесува Huffington Post.

Matt Bissonnette, член на SEAL тимот шест, кој учествувал во нападот на кампот на Осама во Пакистан, во својата книга „No easy day” пишува како тој и негов колега испукале неколку рафали во бин Ладен, за да се уверат дека навистина е мртов. Но, изворот од SOFREP тврди дека правата вистина е дека SEAL биле многу побрутални и дека Осама бин Ладен имал повеќе од стотина куршуми во него, а ова не е дел од официјалниот извештај на таа операција.

Такво ѕверско насилство објаснува зошто американскиот претседател Барак Обама бил против објавување на тие фотографии кои би можеле да предизвикаат згрозување и да ги загрози американските интереси.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top