Сериозни последици од многу антибиотици

Аларм за последиците од претерано користење на антибиотици

 |  инфодеск  | 

Американскиот центар за контрола и превенција од болести (CDC) не е познат по песимизам, но во последниот период алармира за последиците од претерано користење на антибиотици.

Директорот на CDC Том Фриден предупредил на “бактеријата ноќен кошмар”, тие кои развиле брана против модерните антибиотици.

Додека експертите работат на тоа да ја сочуваат делотворноста на антибиотикот и да ги успорат инфекциите, прекумерното користење на антибиотиците и понатаму има здравствени последици ширум светот.

1. Го зголемуваат бројот на проливи кај децата

Голем број на случаеви на обична настинка е од вирусна природа па користењето на антибиотик нема да ја сузбие инфекцијата и може да настанат низа несакани нус-појави. Сепак студиите покажале дека половина од пропишаните антибиотици отпаѓаат на лечење на инфекција на горните дишни патишта поврзани со настинка.

Новата студија на CDC покажала дека децата на кои рутински се даваат антибиотици за горните респираторни инфекции се почувствителни на агресивните бактерии отпорни на антибиотик, познати како Clostridium difficile (C.diff).

Студијата покажала дека 71% на деца кои претрпеле C.diff инфекција земале антибиотици за болест на дишните патишта.

C.diff бактеријата која се наоѓа во цревата, може да предизвика проливи и одговорна е за 250.000 случаеви на хоспитализација и 14.000 смртни случаи годишно меѓу децата и возрасните во САД.

2. Ја реметат чувствителната цревна флора

Цревата содржат околу 100 трилиони бактерии од различни врсти. Иако некои можат да бидат смртоносни, постои природна рамнотежа која се ремети со земање на антибиотици.

Агресивните антибиотици, иако корисни кај некои инфекции, можат да уништат бројни добри бактерии и да овозможат зголемување на бројот на оние што се отпорни на антибиотици. Тоа често предизвикува пролив.

3. Ги претвараат добрите бактерии во лоши

Бактериите развиле отпорност од антибиотик низ процесот на хоризонтално пренесен ген. Едно истражување покажало дека бактериите кои поминуваат низ дебелото црево можат да ги пренесат своите гени на отпорност на други облици бактерии.

4. Зголемуваат случаи на неизлечива гонореа

Покрај C.Diff, CDC забрзано ги следи и случаите со гонореа која е отпорна на антибиотик. Овој тип на  неизлечива врста на гонореа  предизвикува болка, поврзана е со болестите на воспаление на карлица, вонматерична бременост, неплодност, неонаталните  инфекции на окото и слично.

Специфичната врста, Neisseria gonorrhoeae, развила отпорност на антибиотици кои обично се користат за лечење на овие инфекции.

Во 2012 година се забележани преку 330.000 случаи на гонореа во САД и повеќето кај пациенти помеѓу 15 и 24 години.

5. Зголемуваат болнички трошоци

Што повеќе ќе се шири отпорноста на антибиотиците, ќе мора да се повлекуваат и од пазарот, а тоа значи дека лечењето на пациентите заболени од инфекции ќе траат подого, а терапијата ќе биде поскапа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top