Нова фотографија од кинескиот сателит

Можни остатоци од авионот

 |  инфодеск  | 

Кинескиот сателит кој трага по исчезнатиот авион снимил можни остатоци од боингот 777, соопштува кинеската државна агенција, а пренесува CNN.

Кинеската државна агенција наведува дека кинескиот сателит открил три сомнителни објекти кои пливаат во морето, и дека е можно да се остатоци од исчезнатиот авион.

Фотографиите се од Малајскиот мореуз и потекнуваат од 9-ти март, но не се објавиле до денес.

Денес официјани лица објавиле дека ја прошириле територијата на трагање која покрива повеќе од 43.000 квадратни наутички миљи, укажува CNN.

Трагањето по авионот е проширено на североисточниот дел над Јужното Кинеско Море и над мореузот Малака над островот Суматра и во Андамското Море во Индискиот Океан.

Последните збоеови на пилотот Захари Ахмад Шах биле “во ред, добра ноќ”  а потоа авионот исчезнал. Ова е јавно објавено по разговорот со роднините на пилотот во еден хотел во Пекинг.

Властите сеуште немаат никакво објаснување што всушност се случило со авионот и 239 патници и членови на екипажот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top