Компанијата Nvidia ги претстави новите GeForce 800М серијата графички процесори наменети за компјутерите кои носат зголемување на перфомансите од 30 до 40% во однос на старата генерација.
Освен тоа, Nvidia ги претстави и новите технологии за мобилните “гејмери”. Најзначајната меѓу нив е Nvidia Battery Boost која овозможува два пати поспоро трошење на батеријата.
GeForce Shadow Play доаѓа на лаптоп компјутерите и овозможува на “гејмерите” да ги снимаат своите играчки сесии и да ги споделат клиповите со своите пријатели, без поголемо значење за перфомансите.
Исто така од сега играчите на игри ќе можат да ја пробаат и GameStream технологијата која овозможува стримување на мобилните уреди како што е Nvidia Shield.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град