Воведување на посебна валута е ризик

Отфрлете ја фунтата, преминете на евра

 |  инфодеск  | 

Воведување на посебна валута би претставувало потенцијален ризик, затоа што се слаби валути и често предмет на напади, рекол милијардерот Џорџ Сорос, и додава дека Шкотска не би трбало да ја задржи фунтата.

Валутниот спор се повеќе се актуелизира со приближувањето на референдумот за независност на Шкотска, кој е закажан за 18-ти септември, пренесува Reuters.

Националистичките партии во Шкотска сакаат да ја задржат фунтата и услугите на Централната банка на Англија, но трите клучни партии во Британија се противат на тој план, наведувајќи дека доколку Шкотска ја напушти Британија тоа значи дека ја напушта и фунтата.

“Сметам дека во случај на отцепување и независност на Шкотска, нејзиното задржување на фунтата и услугите на Централната банка на Англија би било практично невозможно”, изјавил Џорџ Сорос на конференција за новинарите во Лондон, каде ја промовирал својата нова книга за Европската унија.

Сорос ,исто така, истакнал дека посебна валута на Шкотска би била “неефикасна и потенцијално опасна”.

“Пазарите и валутите често можат да бидат нападнати, а кога имате слаба валута тој ризик е уште поголем”, додал Сорос.

Спрема неговите зборови, алтернативно решение за Шкотска би било да побара членство во Европската централна банка (ECB) и да стане дел од еврозоната, усвојувајќи го еврото како своја валута.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top