Забрзаниот начин на живеење ги принудил луѓето да конзумираат храна од разновидни пакувања кои се направени од широк спектар на синтетички хемикалии.
Со време, споевите од амбалажата завршуваат во храната која луѓето ја конзумираат а кои можат да доведат до акумулирање на токсини во организмот.
Студијата објавена во списанието „The Journal of Epidemiology and Community Health” предупредува на потенцијалните штетни ефекти, кои долгорочните споеви на храната со амбалажата можат да ја имаат, по здравјето.
Некои од тие контроверзни хемикалии се формаладехиди,фталати, бисфенолА и се поврзуваат со ризикот од карцином и други хронични болести.
Треба да се напомене дека споевите присутни во амбалажата се во количини кои се пропишани во правилниците, но авторите на студијата истакнуваат загриженост заради долгорочноста на изложувањето на тие споеви, нивната акумулација и влијанието на организмот.
Авторите на студијата предлагаат проценка на ниво на цела популација и метод на биомониторинг за да се најде поврзаноста помеѓу споевите присутни во амбалажата и ризикот од разни хронични болести.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град