1 премиер, 1 работен ден и 100 илјади евра

Бил вработен во министерството за надворешни работи само еден ден

 |  инфодеск  | 

Медиумите тврдат дека бил вработен во министерството за надворешни работи на Франција само еден ден и на таа основа добил шестоцифрен бонус.

Екс премиерот на Франција и шефот на дипломатијата Доминик Де Велпен наводно добил бонус од 100 илјади евра за пензија благодарејќи на само еден работен ден.

Како што пишува Дејли телеграф, повикувајќи се на извори блиски од министерството за надворешни работи, Де Велпен во септември бил ангажиран на едно работно место на само еден ден, но тоа му било доволно за бонус.

Тој ден му овозможил право на бонус од 100 илјади евра. Бонусот го одобрил социјалистичката влада која е на власт во Франција, наведува Дејли телеграф.

Британскиот весник додава дека не успеал да добие подетални објаснувања за давањето на таков висок бонус на екс функционерот.

Француските медиуми денес исто така пишуваат за оваа афера и наведуваат дека исто така немаат подетални информации.

Доминик Де Велпен (60) беше близок соработник на Жак Ширак и генерален секретар на претседателството од 1995 до 2002 година, министер за надворешни работи од 2002 до 2004 година и министер за внатрешни работи од 2004 до 2005 година.

Ширак во 2005 го наименува за претседател на владата, но по аферите Клирстрим, Де Велпен одбива да се кандидира за претседателските избори во 2007 година и ја напушта функцијата премиер истата година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top