Што ќе му се одземе на Санадер

Со одлуката на судот одат во сопственост на државата

 |  инфодеск  | 

Голем дел од пишаната пресуда покрај затворската казна, на екс премиерот на Хрватска, се однесува на уметничките дела во негова сопственост и на сумата распоредена на 16 сметки.

Од вкупно 26 страници напишана пресуда во случајот Фима Медиа, која ја објавил загрпскиот суд, 10 од нив биле попис на уметнички дела во сопственост на Санадер, а кои по правосилноста на пресудата ќе бидат во рацете на хрватската држава.

Од куќата на Санадер во Козаревачка улица се запленети дела вредни најмалку 833.360 евра, а од куќата во Маломлачка улица уметнички дела вредни 315.700 евра.

Во пресудата е и попис од 16 сметки на име Иво Санадер и членови на неговата фамилија. Со одлука на судот сумите на сметките сега се во сопственост на Република Хрватска, а на банките им е наложено во рок од 15 дена од правосилноста на оваа пресуда да извршат трансфер на парите во име на Република Хрватска.

На сметките Санадер и неговата фамилија се наоѓаат околу 750.000 евра и околу 600.000 куни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top