Мирисот на телото и здивот можат да бидат знак за болест, тврдат научниците во две засебни студии на шведскиот Институт Каролинска и американскиот центар за сетила Монел. Здивот на луѓето со дијабетес мириса на ацетон, додека на оние со заболувања на црниот дроб мирисаат на свежа риба, воспаление на лимфните жлезди мириса на застоено пиво а тифусот на свежо печен леб, пишува Daily Mail.
Луѓето најчесто не можат тоа да го намирисаат, но можат да ја препознаат прекумерната работа на имунолошкиот систем. Научниците веруваат дека мирисот на болеста во иднина ќе го препознава таканаречен електронски нос, а пример за еден таков е тестот на дишење кој веќе помага при откривање на ракот на дојката.
Телото секојдневно испушта различни мириси, но болеста ги менува па затоа туморните станици испуштаат поинакви хемикалии. Тоа резултира и со промена на мирисот.
Една пациентка која и сама била заболена од рак на белите дробови го намирисала ракот на простатата кај својот сопруг. Признала дека почувствувала мирис на распаѓање – истакнува доктор Џорџ Прети од центарот за сетила Монел.
Освен електронскиот нос, и кучињата веќе со години помагаат за побрзо откривање на рак на белите дробови и дијабетесот. Покрај кучињата оваа способност ја имаат и винските мушички, чие однесување се менува во близина на заболени од рак.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град