Убиен новинар насред улица во Кабул

Убиен во најбезбедната улица во Кабул

 |  инфодеск  | 

Две вооружени лица утрово, пред либанонскиот ресторан сместен во една од најбезбедните улици во Кабул, го убиле шведскиот новинар Нилс Хорнер, известила полицијата.

„Во моментов добивме потврда дека се работи за Нилс Хорнер, дописник на шведското радио“, рекол за Frans Press, шведскиот амбасадор во Авганистан Петер Семнеби, а портпаролот на кабулската полиција, Хашиматулах Станкзаи, рекол дека Хорнер подлегнал на повредите задобиени од пукањето.

Хорнер стоел пред ресторанот во Кабул заедно со својот возач и преведувач. Изненадно им пришле двајца непознати мажи во западњачка облека, а еден му испукал куршум во тилот, рекол чуварот во ресторанот, кој видел се. Продавачот во блиската продавница ја потврдил приказната, велејќи дека слушнал само едно пукање.

Шефот на кабулската полиција Наџибулах Самсур рекол дека двајцата осомничени се веднаш уапсени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top