Од марихуана два милиони долари

Отстварен промет од 14,02 милиони долари.

 |  инфодеск  | 

Како што е соопштено, во првиот месец од почетокот на слободна продажба на марихуана во Колорадо, во околу 160 акредитирани продавници, направен е промет од 14,02 милиони долари.

Имено, американската држава Колорадо од 1-ви јануари ја легализира марихуаната и првиот месец ја дополни државната каса за околу 2 милиони долари.

Продажбата на марихуана „во рекреативни цели“ се оданочува со стапка од 12,9%, и додатни 15% данок на промет, а Колорадо додатен приход има и од издадени лиценци кои ги издава на компаниите во оваа гранка.

Освен тоа заработка пристигнува и од производството, обработката и таксите на марихуаната која се користи во медицински цели, што вкупниот приход, од оваа област во јануари, достигнува сума од 3,5 милиони долари.

Имено, кога се гласал овој закон за легализација било одлучено дека првите 40 милиони долари од данок на промет задолжително ќе треба да се вложат во изградба на училишта.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top