Првиот ден, по падот на авионот на Малезија Ерлајнс, акциите на оваа компанија биле во опаѓање за 16% и продавани за 0,21 рингит во однос на 0,25 рингити во петокот, а подоцна малку се опоравиле на пад од 10%, пренесува агенцијата Frans Press.
Авионот на Малезија Ерлајнс на летот MH370 од Куала Лумпур за Пекинг исчезнал над водите помеѓу Малезија и Виетнам во саботата наутро. Иако е во тек голема потрага по авионот од воздух и вода, ни трет ден не е пронајдена никаква трага од авионот.
Малезија Ерлајнс во последното минатогодишно тримесечие забележала загуба од 1,17 милијарди рингити (360 милиони долари) а тоа е четврти квартал по ред со загуби. Компанијата со години се бори со острата конкуренција на нискотарифните компании во кои водечка улога има Air Asia.
Аналитичарите велат дека за лошите резултати на компанијата се виновни неефикасното управување, неспремните синдикати и мешањето на владата во работењето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град