Вниманието на истрагата посебно го свртеа четирите патници кои имале украдени пасоши од европски земји. Министерот за сообраќај Хишамудин Хусеин рекол дека е утврден идентитетот на некои од потенцијалните осомничени.
„Четири имиња се на мојата маса“, рекол Хусеин
Во истрагата учествуваат малезиските разузнувачки служби, а во Малезија е пратена и екипа на Федералното истражно биро (FBI).
Една од претпоставките е дека авионот набрзо по полетувањето се завртел и тргнал назад кон Куала Лумпур. Поради тоа е проширена областа во која спасувачките екипи го бараат авионот.
Авионот од Куала Лумпур тргнал за Пекинг а од радарите исчезнал после еден час летање.
Во авионот се наоѓале 227 патници од 14 земји, меѓу кои 153 Кинези, 4 Французи, како и 12 членови на екипажот.
Малезиската авиокомпанија е позната по добри безбедносни мерки, а авионот од типот боинг 777 немал никаков инцидент во последните 19 години.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град