Пет “трикови” со кои се служат трговците

Трговците не седат со скрстени раце

 |  инфодеск  | 

Не е никаква тајна дека се што се наоѓа на полиците од продавниците – од дизајнот на ентериерот, преку начинот на кој се наредени артиклите до распоредот на производите – наменето е само за една цел, да се потрошат што повеќе пари.

Иако совеста на купувачот во последните години поприлично е подобрена, сепак ниту трговците не седеле со скрстени раце. Триковите од трговците сепак се сведуваат во пет основни правила:

1.       Две за едно

Дали ние сме свесни или не, мнозинството од нас не може да одолее на бесплатните работи, а тоа трговците многу добро го знаат. Од таа причина маркетите и дуќаните се преполни со секакви акции од типот “1+1”, две за едно, некакви купони кои ги даваат на касите заради кои ќе потрошите еден куп пари. Во најдобриот случај се работи за минимална заштеда, а во најлош случај ќе купиме 10 производи по повисока цена отколку да ги купиме поединечно.

2.       Мистериозно намалување на пакување

Еден од главните трикови на трговците последниве години е јавното давање гаранција дека нема да ги креваат цените на производите, кои го гледаме по медиумите од нивна страна, но при тоа “забораваат” да напоменат дека пакувањето на производот со некакво чудо се “намалило” за 10, 20, 50 или повеќе грами. Најочигледен е примерот со чоколадите каде во периодот на транзиција 100 грамската чоколада стана 80-грамска или 90-грамска по иста цена а истовремено на 100-грамската да доиспечатат известувања од типот “акција – гратис 10 (20) грами”

3.       Психологија на полиците

Долго се сметало дека трговците своите подобри производи ги местеле на средина од полиците, а помалку важните на крајот, бидејќи потрошувачите ги одминуваат. Новите истражувања покажале дека не било баш така, па крајот од полицата стана идеално место за производите со натписи “акција” пропратени со дречливи и флуоросцентни бои.

4.       Продажба по парче или по килограм

Некои производи се продаваат на парче а некои на килограми. Тоа е смислено како би настанала забуна кај купувачот и како би донел погрешна одлука во изборот. Важно е да се обрне внимание која е цената по килограм а не за пакувањето по парче.

5.       Помалку за повеќе

Купувачот е навикнат, одредени производи, да ги купува во поголеми пакувања за да плати помала цена отколку кога би купил две помали. И во овој случај трговците си поигруваат со купувачите, така што и ова не може да биде повеќе правило.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top