За 40 минути заработил 250.000 долари

Заработил колку за цела 2013 година

 |  инфодеск  | 

За 40-минутен говор во Абу Даби заработил повеќе отколку во цела 2013-та година. Екс шефот на американската централна банка, Бен Бернанки го одржал својот прв јавен говор откако во јануари ја напуштил Фед, пренесува Reuters.

Тоа е само прв од трите говори кои Бернанки ќе ги одржи оваа недела ширум светот, а во кој бившиот шеф на Фед се осврнува на тактиката на централната банка на САД за време на финансиската криза 2007-2009, што на големо ја истражува и за кое планира да издаде книга.

На конференцијата во Абу Даби, во организација на Националната банка на Абу Даби, присутните морале да платат по 2000 долари за да го слушаат Бернанки и другите говорници, вклучувајќи го и екс министерот за финансии, Лоренс Самерс. Спрема оценка на експертите, Бернанки (60) од секој говор би можел да инкасира околу 250.000 долари.

Иако се чини дека оваа заработка е голема, сепак Бернанки е далеку зад екс претседателот на САД, Бил Клинтон, кој поставил златен стандард во претварање на харизмата во пари. Тој спрема некои проценки заработил два или три пати повеќе од Бернанки за своите појавувања во последните неколку години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top