Учителка им ги залепила устите на учениците

Селотејп против прегласни ученици

 |  инфодеск  | 

Учителка од едно основно училиште е суспендирана од работа поради тоа што им ги залепила устите на 10-годишните ученици во своето одделение, бидејќи биле прегласни.

Присила Даво Ортега (27), учителка од Сомерсет им ги залепила устите со селотејп дури на дваесет ученици на часот по уметност. Родителите тврдат дека некои од децата дури не можеле и да дишат од лентата селотејп па ја тргале од устата но учителката повторно ја лепела.

На некои од децата устите им прокрвариле кога лентите селотејп ги тргале од устата, а некои од нив изјавиле дека им било страв да се вратат на училиште.

Учителката Ортега е суспендирана од должноста педагог по уметност и шпански јазик во училиштето Danesfield Church of England, сместена во Сомерсет. Против неа е покрената и полициска истрага.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top