Забрана за увоз на Месо од САД

Повторна забрана за увоз на месо

 |  инфодеск  | 

Од 10-ти март се воведува повторна забрана за увоз на масо од САД, рекол потпаролот на земјоделската инспекција на Русија Алексеј Алексејенко.

Интерфакс укажува дека оваа вест стигнала неколку часа по објавата на Пентагон дека ја прекинува воената соработка со Русија поради случувањата во Украина.

„Ние ја ставаме ад акта донесената одлука (за слободен увоз на свинско), бидејќи постоечкиот систем на испорака не гарантира безбедност“, рекол Алексејенко.

Русија го забрани увозот на свинско месо во февруари 2013 година заради користење на рактопамин, а на 24-ти февруари таа забрана била укината.

До воведување на новата забрана, САД биле најголемиот извозник на месо во Русија. Према податоците на федералната царинска служба, во тек на 2012 година САД испорачале скоро 400.000 тони месо и живина во вредност од 18 милијарди долари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top