Научниците планираат да дознаат повеќе за „сестринската планета“ на нашата, но за тоа би требало да користат летало кое го направиле инженерите на компанијата „Norhorp Grumman и L’Garde.
Venus Atmospheric Maneuverable Platform или VAMP, е голем, но изузетно лесен ровер на надувување, кој нема да има човечки екипаж и би требало да ја истражува атмосферата на Венера во тек на една година.
VAMP е сеуште во фаза на дизајнирање, но по се изгледа нема да бара премногу компликувана технологија, велат истражувачите.
Во орбитата на Венера ќе го однесе вселенско летало, потоа би бил надуен и пуштен во атмосферата.
Ќе може да носи 200 кг научна опрема, во зависност од тоа каде би летал.
Податоците ќе ги праќа до вселенското летало, а потоа до Земјата, се до крајот на мисијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град