Освен Оскар, Метју МекКонахи добил уште нешто што му изнудило насмевка на лицето.
Тој го освои Оскарот за најдобар актер во филмот „Dallas Buyers Club”, а неговиот говор бил полн со благодарност и многу емотивен.
МекКонахи бил по прв пат номиниран за наградата Оскар, а само една номинација била доволна за да се врати дома со статуетка.
Во својот говор актерот првенствено се заблагодарил на Бога и фамилијата при што се потсетил на својот починат татко Џејмс.
“Сакам да му заблагодарам на својот татко кој сега е најверојатно на небото по гаќи и со пиво в рака. Ова е за тебе тато, затоа што ме научи како да станам маж“, рекол славниот актер во својот емотивен говор.
Емотивниот говор го завршил со својата позната фраза : „All right, all right, all right”.
Но, златната статуетка не е единственото што го воодушевила актерот. Освен Оскарот тој добил и долг бакнеж од својата сакана сопруга Камил Алвес. А на сопругата и на синовите им пратил посебна благодарност.
“Вие сте четворицата на кои им посакувам да сте најгорди на мене. Ви благодарам“, се заблагодарил актерот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град