Обид да се пресече патот од Москва до Крим

Загрижувачка состојба

 |  инфодеск  | 

Руски војници одземале оружје од радарска база и од украинскиот морнарички центар за обука на Крим и го повикале персоналот да застане на страната на „легитимните власти на Крим“.

Руска агенција наведува, повикувајќи се на извор од министерството за одбрана на Украина, дека руски војници го одзеле оружјето од радарската база во близина на градот Судак, додека друга група го одзела оружјето од украинскиот морнарички центар за обука во Севастопол, каде Русија има воена база за својата црноморска флота, пренесува агенцијата Ројтерс.

Гувернерот на рускиот регион Белгород на запад од земјата рекол денес, дека вооружени групи се обиделе да го отсечат патот кој води кон украинската граница, јавува Интерфакс.

„Вооружени групи крстарат во областа. Имаше обиди да се пресече патот од Москва до Крим. Ова е навистина загрижувачки“ рекол гувернерот Евгениј Савченко по повод вчерашните случувања во регионот Белгород.

Заменик премиерот на Русија Дмитриј Рогозин истакнува дека Севастопол на Крим е „дом“ на Руската Црноморска флота, јавува агенцијата Итар Тас.

Коментирајќи ги повиците, на екс претседателите на Украина Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко, за прекин на Харковскиот договор кој ја третира воената база на руската флота на Крим, Рогозин рекол дека Црноморската флота не е бездомник.

„Црноморската флота не е бездомник. Севастопол е нивниот дом. А вие подобро да си се занимавате со своите внуци“, им порачал Рогозин на Твитер, на екс претседателите на Украина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top