Номиниран за девет оскари

Филмот “12 години ропство” станува задолжителен за гледање

 |  инфодеск  | 

Филмот “12 години ропство” кој е номиниран за девет Оскари, од наесен станува задолжителен за гледање во амеркианските државни средни училишта.

Филмот е темелен на вистинска приказна на Афроамериканецот Соломон Нортуп кој бил дрогиран, киднапиран и продаден во Америка 1850  година, каде трпел долгогодишно злоставување. Неговиот лик во филмот го игра Чиветел Ејфор.

Одлуката филмот да влезе во националниот “curriculum” и да постане задолжителен за гледање ја донесло Националното здружение на училишните одбори, (National School Boards Assotiation).

Здружението заедно со популарниот шоу-водител Монтел Вилијамс се здружиле со продукциската куќа “New Regency”, издавачката куќа “Penguin Books” и со творците на филмот, за да поделат по училиштата копии од филмот, истоимената автобиографија и водич за учење. Дистрибуцијата во повеќе од 13 илјади училишта ќе започне во јуни.

“Моќта на филмот може да биде употребена како силен образовен алат”, рекол Вилијамс во склоп со една претходна иницијатива во државните училишта кога бил дистрибуиран филмот на Едвард Цвик за американската граѓанска војна “Glory”.

Режисерот Стив Мек Квин истакнал дека кога прв пат ја прочитал автобиографијата, сонот му бил тоа да стане дел од училишната литература.

Се заблагодарил на Вилијамс и на училишниот одбор што му помогнале да го отствари сонот и што одлучиле да ја споделат Соломоновата приказна со денешните генерации.

Мек Квиновата драма е номинирана за девет Оскари, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм. Филмот досега освоил бројни награди, вклучувајќи ја наградата на Британската филмска академија за најдобар филм и Златниот глобус за најдобра драма.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top