Нови 6000 руски војници во Украина

Расте напнатоста

 |  инфодеск  | 

Американскиот амбасадор во Обединетите нации Саманта Пауер на вонредниот состанок, свикан на барање на Литванија, и на консултациите во советот на безбедност побарала итно на Крим да се прати меѓународна посредничка мисија со цел да се смири напнатоста, и ја повикала Русија да ги повлече трупите од регионот, пренесува АFP.

“Многу сме загрижени за руското воено разместување”, им рекла Пауер на новинарите.

“САД ја повикуваат Русија да ги повлече воените трупи кои секојдневно се зголемуваат во регионот и да му дозволи на Украинскиот народ да избере сопствена влада, да одлучува сам за својата судбина и тоа да го направи слободно без заплашување и страв”, рекла таа.

Амбасадорот рекла дека САД сакаат итно испраќање на меѓународна мисија во регионот со цел самлување на тензиите.

“САД бараат итна меѓународна посредничка мисија за Крим, да почне да се смирува ситуацијата и да олесни продуктивен и мирен дијалог помеѓу сите украински партии”, рекла Пауер.
Во меѓувреме Украинскиот министер за одбрана објавил дека Русија довела уште 6000 војници на украинско тло, пренесува Reuters. Од тие причини украинската војска е во состојба на висока приправност.

Русите се наоѓаат пред обвинение дека извршиле воена интервенција на Крим, а меѓународната заедница најавува одговор ако Путин не ја повлече својата војска.

Американскиот претседател Барак Обама вчера во своето обраќање во врска со Украина ја поддржал привремената влада на земјата, поради нејзината одмереност во чекорите кои ги превзема во врска со моменталната ситуација во земјата. “Било какво кршење на украинскиот суверенитет би било изнимно дестабилизирачко, а тоа не е во интерес на Украина, Русија и Европа”, рекол Обама

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top