Музиката благотворно делува на мозокот, го успорува процесот на стареење бидејќи добро влијае на памтењето и моториката, наведуваат во неодамна објавената студија на француското здружение на автори и композитори.
„Музиката активира неколку мозочни региони“, изјавил професорот по невропсихологија Ерве Плател и додал дека долго се мислело дека музичарите имаат активен десен дел од мозокот, додека левиот е за говор.
Плател на основа на скенер и магнетна резонанца направил „мозочна картографија“ на музичари и на оние кои слушаат музика. Научникот навел дека двете хемисфери на мозокот се активни кај двете групи, а кај музичарите е пронајдена „хипертрофија (зголемување) на мозочниот регион на хипокампусот, кој игра клучна улога во памтењето“.
Хипокампусот се наоѓа во централниот дел на мозокот и е еден од ретките мозочни региони кој произведува нови неврони низ целиот тек на животот.
„Музиката го менува мозокот затоа што може да зголеми некои мозочни зони“, се наведува во студијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град