Бесмислено скапи места за паркирање

Најскапото место за паркирање

 |  инфодеск  | 

Кога некој бара два пати повеќе пари за едно паркинг место од сумата која треба да ја издвоите за просечна куќа во Британија, ќе помислите дека со светот навистина нешто не е во ред.

Па сепак, лондонската фирма за продажба на недвижности, Hobart Slater, огласила продажба на место за паркинг по цена од 400.000 фунти. Паркингот се наоѓа во подземната гаража во Кенсингтон, во близина на Ројал Алберт Хол.

Како што е опишано во огласот, станува збор за „пространо, обезбедено паркинг место кое е лоцирано на идеална локација за жителите од тој дел на градот“.

Работите стануваат малку појасни кога се знае дека просечната цена на една недвижност во таа околина достигнува 2,3 милиони фунти.

Лондонскиот Телеграф пресметал дека за сумата издвоена за тоа место за паркирање, сопственик на автомобил во Лондон може 31 година да плаќа паркинг во јавна гаража кој се наоѓа во близина на тоа место.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top