Милијардер на кого никој не му верувал

Не планирал да отвори фирма

 |  инфодеск  | 

Кога бил дете, неговиот татко му ја оставил во наследство винаријата на североисток од Италија, меѓутоа Марио Морети Полегато не останал во фамилијарниот бизнис, а денес сепак е милијардер кој стои зад познатата компанија Geox.

Кога во една прилика бил на одмор во пустината Навада, увидел дека од прошетката нозете му зовреле и дека му било неудобно во обувките, па морал да исече дупки на чевлите и увидел дека му е подобро. Така дошол до идеја да произведува обувки која ќе бидат со дупчиња и водоотпорни.

“Поминаа три години како работев на тој патент, кој веднаш го понудив на сите големи компании во таа област, но никој не веруваше во мене”, раскажува Марио. “Сепак јас верував во овој проект, а идејата беше едноставна”, додава 62-годишниот Морети.

Кога го одбиле славните производители пред 17 години, Марио подигнал кредит во банка и го почнал својот бизнис- Geox.  На почеток вработил пет луѓе од своето село кој не ги познавал, од кои, никој ниту работел некогаш а уште помалку имале искуство во таа работа.

Денес Geox е глобално популарна компанија со 30.000 вработени (вклучувајќи ги и првите петмина) и со 1.300 продавници ширум светот.

Постепено Geox се проширил и на производство на облека, а на берзата во Милано се појавил пред 10 години, со продадени 29% акции, додека преостанатите 71% се во сопственост на Полегато.

Сепак ни Geox не е компанија која нема проблеми. Во првите девет месеци од 2013 година, продажбата паднала за 11,9% а во последниот финансиски извештај истакнале дека се погодени од кризата во еврозоната. Затоа дошло до затворање на 115 продавници во Европа а се планира да затворат уште 68 во оваа година. Истовремено, во Азија ќе се отворат 400 нови продавници и тоа во Кина. Тие се среќаваат со нови предизвици, како да произведат обувки за различни временски услови кои ќе ги задоволат модните вкусови ширум светот, а истовремено да бидат со урбан стил кои ќе можат да се носат 10 часа дневно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top