Тројца мртви, 150 повредени

Демонстранти завземале партиско седиште

 |  инфодеск  | 

Опозициските активисти тврдат дека има тројца мртви и 150 повредени, откако го завзеле партиското седиште на премиерот Виктор Јaнукович во Киев.

Пред украинскиот парламент утрово дошло до судири помеѓу полицијата и неколку илјади демонстранти, кој пробале да дојдат до зградата на парламентот како би го засилиле притисокот врз претседателот Виктор Јанукович, но биле спречени од специјалната полиција која поставила ред од полициски камиони.

Дел од зградата е во пламен од молотовите коктели кои ги фрлале демонстрантите по жестоката пресметка со полицијата пред украинскиот парламент.

Еден од лидерите на опозицијата Виталиј Кличко, денес по повод пресметката помеѓу полицијата и демонстрантите ги повика полициските единици да се повлечат од улиците како би се избегнале нови конфликти.

Апелирам до преседателот. Тргнете ги специјалните единици од улиците.Направете го тоа како би се нашол некаков излез од ситуацијата. Тоа ќе биде правата одлука на правиот човек“, рекол Кличко на новинарите кои биле во внатрешноста на зградата од парламентот.

Околу 20.000 воглавно мирни демонстранти утрово тргнало во протестна прошетка од главниот плоштад во Киев кон парламентот, барајќи гласање за реформи со кои на претседателот Јанукович би му се одземале клучните овластувања.

Во Киев веќе три месеци траат проевропски протести по одбивањето на Јанукович во ноември да ја потпише на спогодбата за придружување кон ЕУ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top