Невреме заглави илјадници луѓе

Непроодни патишта, прекин на железничкиот сообраќај

 |  инфодеск  | 

Илјадници луѓе се заглавени, бројот на мртви се зголеми на 23 од втората снежна бура која ги погоди некои делови од Јапонија, јавува Ројтерс.

Во некои области во прекин е железничкиот сообраќај а во централниот дел на Јапонија снежната бура на денот на заљубените им донесе повеќе од еден метар снег и ја прекри престолнината со рекордна големина на снежната покривка, јавува Ројтерс.

Во централниот дел на Јапонија, во префектурата Јаманаши паднало повеќе од 1,1 метар снег, што е рекорд во последните 100 години откако се води статистика. Помалку снег има на истокот од Јапонија, додека во Токио има 27 цм., но престолнината пак била погодена од најлошата бура во последните 45 години.

Бројот на загинати во снежната бура достигна 23 луѓе, вклучувајќи ги и тие што настрадале во сообраќајни несреќи, или загинати од снегот кои паѓа од крововите на куќите. Неколкумина загинаа во автомобилите заглавени во снегот, и тоа од труење од гасовите од своите автомобили.

Неколку илјади домаќинства останаа без струја а откажани се и стотици летови. Железничкиот сообраќај на одредени места е во прекин а некои патишта се затворени при што се создала сообраќаен хаос кој трае со денови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top