Најтопла година во историјата

Жив пекол на земјата

 |  инфодеск  | 

Ел Нињо, глобалниот атмосферско-океански феномен е спремен да исфрли огромни количини на топлина во атмосферата.

Научниците веруваат дека 2014 година ќе биде најтоплата година во историјата на планетата Земја, и велат дека Ел Нињо претставува силен температурен бран кој има големо влијание на временските прилики и може да направи климатски хаос ширум цел свет.

Германските научници сметаат дека е можно прогнозирање на Ел Нињо една година унапред, меѓутоа, температурата на водата е под дејство на ветровите кои дуваат преку екваторот и затоа прогнозите се ограничени на шест месеци. Тие тврдат дека нивниот метод прецизно го предвиде отсуството на оваа појава во изминатите две години, па е многу веројатно дека ќе се отстварат предвидувањата дека ЕлНињо се очекува кон крајот на 2014.

Би требало да се напомене дека мислењата на експертите се поделени. Калифорнискиот климатолог Тим Барнет тврди дека методите се застарени и дека се користеле во 80-тите и 90-тите, додека од друга страна австралискиот климатолог Ендрју Воткинс верува дека ЕлНињо би можел да се појави и шансите се големи, но не може да тврди дека тоа со сигурност ќе се случи.

Тоа за што се сложуваат сите научници е дека Земјата секои 10 години ќе биде погодена од разорни суши и незапамтени пожари и шансите дека тоа ќе биде во 2014 наводно се 75%.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top