Солзавец и водени топови

Слобода за патриотите, стоп на заговорите

 |  инфодеск  | 

Полицијата денес употребила солзавци и водени топови да ги растера демонстрантите кој во Анкара, Турција, барале ослободување на офицерите кои се затворени за планирање на пуч.

„Слобода за патриотите, стоп на заговорите“, повикуваа учесниците на протестот, кој полицијата го спречи да дојде до парламентот.

Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган, минатиот месев изјави дека не се противел на повторното судење на стотината војни офицери, кои се затворени заради обидот на рушење на владата, а владата минатата седмица поднела предлог закон до парламентот како би се овозможило повторување на судскиот процес.

Спрема тој предлог, осум специјални судови кои ги осудија офицерите и војниците за масовните протести 2012 и 2013 година би требало да се укинат, а нивните случаеви да бидат проследени до редовните кривични судови.

Таков чекор следеше во време кога Ердоган се соочуваше со големи корупциски скандали, во кои се замешани и негови најблиски соработници и за тоа се сменети тројца министри.

Ердоган за скандалот ги обвини приврзаниците на движењето Хизмет, кој ги предводи влијателниот турски свештеник Фетулах Гулен, кој живее во САД.

Поради скандалот се отпуштени повеќе илјади полицајци и обвинители кои биле поврзани со истрагата, потсетува AFP.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top