Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман побарал од Берлин да превземе мерки за ограничување на азиланти од земјите на бивша Југославија.
Во интервју за германската новинска агенција DPA, која ја пренесуваат германските медиуми, Херман рекол дека станува збор за “масовна злоупотреба на правата за азил” која мора да биде ограничена и предложил да им се укине државната помош која им се дава на овие луѓе, поради која и доаѓаат многу во Германија.
Баварскииот министер министер рекол дека огромниот број на барања за азил им штети на азилантите од другите делови на светот на кои навистина им е потребна заштита.
“Поради нивните барања за азил (луѓе од бивша Југославија) поприлично се продолжува процедурата за обработка на барањето на луѓето кои доаѓаат од земјите каде навистина се работи за политички прогон”, рекол Херман.
На прво место на листата на барачи за азил се наоѓа Србија а Македонија е на четврто место со 9418 барања за азил (пораст од 36,7 %).
“Не можам да прифатам дека овие земји се први на листата за барања на азил, иако квотата за признавање на азилот е рамна на нула”, рекол баварскиот министер.
Предложил да во првите три месеци отакако влезат во Германија им се укине помошта која земјата им ја дава бидејќи тоа е причината за која и доаѓаат во Германија.
“Фамилиите за брзо време собираат позначителни суми на пари кои видно ја надминуваат сумата која би ја заработиле во своите земји од каде доаѓаат”, смета министерот за внатрешни работи.
Конзервативно-социјалдемократската влада на Меркел уште во коалициските преговори после изборите во Бундестагот во септември 2013 планирала мерки за смалување на бројот на азиланти од земјите на бивша Југославија.
Во коалициската спогодба која е основа за работа во овој мандат се наведува дека владата, Македонија, Србија и БиХ ќе ги оценат како сигурни земји во смисла на членот 29 од законот за постапка за одобрување на азил, и барањата за азил на граѓаните од овие земји ќе можат побрзо да се обработуваат и нивниот престој во Германија побрзо би завршил.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град