Силна снежна бура ги зафати, и во инцидентите за време на невремето загинаа 13 луѓе, Соединетите Американски Држави.
Поради невремето бил отежнат патниот сообраќај, а без струја останале 363000 потрошувачи.
Претседателот Барак Обама потпишал декларација за вонредна состојба во Џорџија, а гувернерите на Алабама, Северна каролина, Јужна Каролина и Мисисипи исто така прогласија вонредна состојба поради временските неприлики, а владината администрација во Џорџија вчера не работела.
Загинале 13 луѓе, меѓу нив и тројца кои смртно настрадале додека амбулантно возило превезувало пациент и се излизгало од замрзнатиот пат во Карлсбад во Тексас.
Предупредување за снежна бура е издадено од Арканзас до поголем дел од Атлантскиот брег. Се очекува дека невремето ќе го погоди североистокот на САД во наредните два дена и ќе донесе 38 цм снег.
Невремето донесло голем снег, замрзнат дожд и голомразица на патиштата. Гувернерите прогласија вонредна состојба од Луизијана до Њу Џерси, стотици училишта не работеле, факултети и владини институции. Откажан е и кошаркашкиот натпревар на ривалите Дјук и Северна Каролина.
Откажани се или поместени околу 6700 летови, а уште 3700 за денес. Откажани се отприлика половина денешни летови од Вашингтон до Њујорк.
Последен пат ваква снежна бура ги погодила САД 2000 година, кога заради дебелината на мразот од 1,3 цм повеќе од 350000 луѓе останале без струја.
Овој пат би можела да биде загрозена поголема област поради поголеми количини на мраз, а прогностичарите велат дека југот овој пат се бори со мраз а не со снежна бура.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град