Поплавите под контрола

Состојбата е подобра

 |  инфодеск  | 

По драматичната ноќ, која после топењето на снегот и поплавите се случија во Хрватска, состојбата се подобрува.

Обилните врнежи, растот на подземните води, запушените канали и топењето на снегот предизвикаа поплави во поголем дел на Хрватска.

Купа и Корана во Карловац се во опаѓање по ноќешниот воден бран. Водата ги проби шахтите и ги поплави околните делови на градот, а некои делови дошло и до прекин на електрична енергија. Водостојот на Купа во Карловац е најголем во последните 40 години.

Рекордните врнежи предизвикаа поплави на станбени, земјоделски и сообраќајни површини во голем дел на Хрватска, а и војската беше ангажирана.

Загрепското езеро Јарун исто така се излеа вчера во вечерните часови, а водата стигна до куќите и зградите.

Премиерот Зоран Милановиќ вчера го посети Карловац и вети помош.

Проблемите се големи, на луѓето водата им е во домовите…против природата не се може“ – рекол Милановиќ и додал дека владата и Хрватски води не ги занемарувааат проблемите и дека постојат решенија и проекти.

Податоците од Хрватски води говорат дека водостојот на Купа во Карловац, во 19 часот изнесувал 822 цм. А два часа подоцна 824 цм. за да во 2 часот по полноќ достигне 827 цм.

Водостојот на Сава кај Ругвица е во пораст. На полноќ водостојот бил 803 цм а утрово изнесува 814 цм.

Поради поплавите , затворени се некои државни, жупанијски и локални патишта во Загребачката, Сисачко-мославичката, Карловачката и Личко-сењската жупанија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top