Откриен е генот кој ги поврзува мозокот и интелегенцијата

Зошто некои луѓе имаат тешкотии при учење

 |  инфодеск  | 

Меѓународен тим на експерти ги анализираше примероците од ДНК и снимките од мозок на повеќе од 1500 здрави 14-годишници и ги тестираше со низа тестови за вербална и невербална интелегенција, пишува Rojters.

Експертите се фокусирале на церебралниот кортекс, најдлабокиот слој на мозокот познат како сива маса кој е одговорен за памтењето, вниманието, перцепцијата, мислите, јазикот и свеста.

Потоа анализирале повеќе од 54000 генетски варијации поврзани со развојот на мозокот и откриле дека, во просек, тинејџери со одредени варијации на генот имаат потенок слој на кортексот во левата половина на мозокот. Таа група на деца постигнала полоши резултати на тестовите за интелегенција.

„Генетската варијација која ја откривме е поврзана со пластичноста на синапсите, односно како некои неурони комуницираат„ – рече Силвејн Дезриверс, ледерот на истражувањето на институтот за психијатрија на лондонскиот Кралски колеџ.

„Тоа би помогнало да разбереме што се случува на неуронско ниво кај одредени интелектуални тешкотии, каде комуникацијата на неурони е на некој начин пореметена„.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top