Нови протести

За денес најавени нови протести и барање за оставка на владата

 |  инфодеск  | 

Денес за 12 часот се најавени нови протести, и повикани се сите граѓани од цела БиХ да излезат на улиците и да бараат смена на владеачката структура на федерацијата БиХ на чело со премиерот Нермин Никшиќ.

По тридневните протести во Сараево, премиерот на кантоналната влада Суад Зељковиќ поднесе оставка, но демонстрантите бараат и промена на членовите на претседателството на Босна и Херцеговина.

Премиерот на федерацијата Нермин Никшиќ рече дека е „спремен да даде оставка ако постои ново парламентарно мнозинство.„.

„Додека не се случи тоа јас ќе ја обавувам оваа функција и ќе се борам за народот a единствено што е потребно за промена на власта во БиХ се 50 пратеници и со задоволство прифаќам вонредни избори„ – рече Никшиќ.

Членот на претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ рече дека „лично не чувствувам одговорност за последните случувања„. Спрема неговите зборови, во федерацијата мора да се смали администрацијата, да се изедначат платите во реалниот сектор.

До сега, по четири дена протести, оставки си поднесоа премиерите на кантоните Тузла, Зеница и Сараево.

Во федерацијата БиХ има 10 кантони, а граѓаните бараат итно укинување на кантоните, два ентитети (Федерација и Република Српска) и смалување на државната администрација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top