Сараево денес мирно

Во БиХ утрово мирно, пожарите изгаснати

 |  инфодеск  | 

Околу зградата на Кантонот Сараево и Претседателството на БиХ пожарникарите и работниците на градска хигиена работат на санирање на последиците од вчерашните протести. Градскиот сообраќај е во функција ова утро.

На зградата од Кантонот Сараево и Претседателството на БиХ направена е голема штета во пожарот кој го запалија демонстрантите. Изгорени се и неколку возила, јавува “Fena”.

Од зградата на Кантонот Сараево и утрово се гледа чад од вчерашниот пожар. „Пожарот воглавно е изгаснат, но сеуште се интервенира во самата зграда бидејќи е тоа стара зграда“ – изјавува за „Fena”дежурниот диспачер во противпожарната единица во Кантонот Сараево.

Околу зградата на Кантонот Сараево сеуштте се наоѓаат возила на противпожарната единица.

Пожарот во зградата на Претседателството на БиХ, која исто така беше на мета на демонстрантите, е угаснат, а подрачјето околу тие згради е оградено со жолти ленти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top