Решава пет проблеми

Отстранува бројни тегоби за кои најчесто се земаат апчиња

 |  инфодеск  | 

Три вида на добар шеќер, обилност на влакна и витамини се причините за кои бананата отскокнува од другите брзопотезни извори на енергија. Но освен хранливата вредност, докажана е нејзината семоќност за отстранување на бројни тегоби за кои обично бараме разноразни апчиња.

1. Надуеност и запек

Бананата содржи пектин кој го забрзува варењето и поттикнува исфрлање на токсини и тешки метали од телото. Освен тоа нејзиното делување е пробиотичко и ја стимулира работата на цревата. Сите овие фактори ја поттикнуваат работата на варењето на храна и ја смалуваат подуеноста на стомакот, додека влакната од мекиот плод ги будат цревата и делуваат како природен лаксатив и помага за запек.

2. Стрес

Го нарекуваат болест на модерниот живот и непрестано остава последици на нашето здравје. Стресот го убрзува метаболизмот при што паѓа нивото на калиум во организмот. Рамнотежата може да се воспостави со помош на една банана која во себе содржи доволно калиум кој ќе воспостави нормализација на пулсот, доток на кислород во мозокот и регулација на оптимална количина на вода во телото.

3. Крвен притисок

Познато е дека големо внесување на натриум, а малку калиум има негативно дејство на крвниот притисок. Поради тоа е многу важно телото да добие количина на калиум која го содржи бананата. Секое утро се препорачува една банана која ќе го одржува крвниот притисок во дозволените граници.

4. ПМС

Бананите обилуваат со витамин Б6 кој поволно дејствува на глукозата во крвта, а докажано е дека витаминот од Б групата успешно ги редуцира болките во градите, промените во расположението и собирањето вода во организмот.

5. Депресија

Состојката во бананата триотофан е облик на протеин кој служи за испуштање на серотонин, познат како хормон на среќа. Имено, доволно е само една банана за да се зголеми количината на серотонин и се добива чувство на смиреност и задоволство. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top