Швајцарците во недела ќе излезат на референдум, на кој ќе одлучуваат дали сакаат да се ограничи бројот на доселеници во својата земја или не. Во зависност од исходот би можело да има далекусежни последици по статусот на една од најбогатите земји во светот.
Референдумот под мото „Не на масовното доселување“ го организира Швајцарската народна партија позната по конзервативните, антимиграциски и ксенофобични ставови. Бараат референдум за воведување на квоти за странци кои смеат да се вселат во Швајцарија но и за прекуграничните работници, барателите на азил и бегалците и тврдат дека порастот на бројот на доселеници довел до губење на вредно обработливо земјиште, преоптеретеност во јавниот превоз, зголемување на цената на трудот, пораст на криминалот и губење на националниот идентитет.
Швајцарије не е членка на ЕУ, но со неа има потпишано 120 билатерални договори кои ги уредуваат односите на сите полиња, а оној за слобода на движење, кој го потпишала пред 12 години, е еден од круцијалните. Според последната анкета на јавното мислење бројот кој ја поддржува оваа иницијатива расте и е 43 %, шест проценти повеќе од пред две недели а бројот на оние кои се противат на иницијативата сега е на 50%, или пет проценти помалку од јануари, и седум проценти неодлучни.
Податоците говорат дека 45% од вработените во фармацијата, хемискиот и биотехничкиот сектор се граѓани на ЕУ, а во хотелскиот сектор 40% се странци. Европа е најголемиот трговски партнер на Швајцарија која минатата година извезла таму производи и услуги во вредност од 120 милијарди евра, па позитивниот исход од референдумот би ги загрозил односите со ЕУ, која предупреди дека нема да дозволи повторно да се разговара за слободите за движења, а доколку се одлучи поинаку тогаш преговори би се воделе за сите 120 билатерални спогодби а тука спаѓа и привилегираниот пристап на пазарот за Швајцарија – рекла потпретседателката на Европската комисија Вивиан Рединг за еден швајцарски весник.
Затоа поголем број на швајцарски политички партии и владата апелираат до граѓаните да ја одбијат оваа иницијатива, а однеодамна се придружи и здружението на земјоделци, работодавачи, производителите на часовници, хотелската индустрија, осигурувањето на куќи,болничкиот сектор и информатичкиот сектор.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град