Ако САД не ги укине визите, ЕУ ќе возврати

Европската комисија побарала од САД да ги укинат визите

 |  инфодеск  | 

Европската комисија наведува дека доколку тоа не биде решено и ЕУ би можела да воведе визи за американските граѓани. На граѓаните од Полска, Романија, Бугарија, Кипар и Хрватска сеуште им е потребна виза за влез во Америка.

Освен за САД, виза за некои граѓани на ЕУ им е потребна и за Канада, додека Австралија има пропис за визен режим за сите граѓани на ЕУ, но третманот не е еднаков кон сите, стои на веб страната на Euroactiv.

Новата регулатива на ЕУ, која стапи на снага на 20-ти декември, од земјите членки се бара заеднички настап по прашањето за визи, нарочито во случаите кога странските земји ги третираат различно граѓаните на ЕУ.

Доколку САД не го решат овој проблем во рок од шест месеци, ЕУ би можела да воведе визи за америчките дипломати, предупредува Европската комисија.

Визите за Канада меѓу граѓаните на Унијата им се потребни само на Бугарите и на Романците, додека Австралија има еднообразен систем за сите земји на ЕУ, ама далеку најретко им се издаваат визи на граѓаните на Бугарија и Романија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top