Скандал ја тресе Шпанија – Црквата учествувала во продажба на бебиња

Околу 30 000 шпански деца биле украдени од нивните родители и продадени во текот на последните 50 години.

 |   | 
children
children

Околу 30 000 шпански деца биле украдени од нивните родители и продадени во текот на последните 50 години.

childrenДецата се продавале преку тајна мрежа, која се состоела од лекари, медицински сестри, свештеници и калуѓерки, кои тоа почнале да го вршат во текот на диктатурата на Франко и продолжиле до почетокот на деведесеттите години, пишува Дејли Мејл.

Стотици семејства чии деца се исчезнати од болницата, се сега во правна битка со властите. Неколку мајки пред судот изјавиле дека им било кажано дека нивните деца починале кратко време по раѓањето.

Мајките, кои биле често многу млади и немажени немале дозвола од болничкиот персонал да си ги видат мртвите деца и да присуствуваат на нивниот погреб.

Всушност, децата се продавале на богатите двојки. Има многу случаи во кои ниту новите родители не знаеле дека нивното дете е украдено, бидејќи им било кажано дека мајката се откажала од детето.

-Животот на многу луѓе низ цела Шпанија се измени кога сфатија дека нивните родители не се нивни биолошки родители и дека тие се буквално купени. Од друга страна, многу мајки кои сметале дека се луди поради чувството дека нивното дете всушност не починало, сега сфатија дека нивните бебиња се живи, дека биле продадени и дека не знаат кои се нивните вистински родители “, изјави Катја Адлер, која го истражуваше скандалот.

Експертите веруваат дека дури 15 проценти од сите случаи на украдени деца се случиле во периодот од 1960 и 1989.

Шпанската влада дури во 1987 година го презема регулирање на посвојување на деца, кое дотогаш беше во надлежност на болниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top