Рекордни жештини во Рио де Жанеиро-32 лица починаа од топлотниот бран

Бразил е зафатен од топлотен бран, кој од почетокот не неделата ја предизвика смртта на 32 лица, соопштија американските медиуми.

 |  Маја Савиќ  | 
Rio de Zeneiro
Рио де Женеиро

Rio CopacabanaБразил е зафатен од топлотен бран, кој од почетокот не неделата ја предизвика смртта на 32 лица, соопштија американските медиуми.

Според агенциите, петдневниот карнавал во Рио де Жанеиро, што почнува утре, ќе биде навистина „жежок“.

Во овој мегаполис вчера беа регистрирани невообичаено високи температури од над 40 степени, највисоките за последните 50 години, пренесоа француските медиуми.

Заради влажноста на воздухот температурата се чувствува како да е 50 степени, што е повеќе отколку во пустината Сахара, прецизира бразилската метеоролошка служба.

Температурите за февруари во Рио де Жанеоро се за шест степени повисоки од просечните вредности за летната сезона во јужната хемисфера.

Според некои песимистички прогнози, во 2100 година температурите во Рио де Жанеиро ќе се 44-45 степени.

Климатската појава Ел Нињо е меѓу важните фактори за затоплувањето на Атлантскиот океан. Тоа предизвикува обилни вврнежи во јужен Бразил и регионот на Сао Паоло и му попречува на образувањето на покривката од облаци над Рио де Жанеиро.

Се очекува горештините да продолжат и во текот на следните денови.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top