Реката Мисисипи го достигна рекордното ниво

Агенциите пренесуваат дека водите на Реката Мисисипи во САД го достигнале рекордното ниво во последниве 70 години.

 |   | 

Во регионот на градот Натчез, во јужниот дел на југоисточната американска држава Мисисипи, нивото на реката вчера достигнало 17,8 метри, за 10 сантиметри над рекордот од 1937 година (17,7 метри)Поплавите во басенот на Мисисипи се резултат на континуираните врнежи, како и од топењето на снеговите.

Природната несреќа зафати осум држави.
До денеска се евакуирани илјадници лица, кои живеат долж крајбрежјето на реката, каде има десетици населби и 12.000 квадратни метри земјоделски површини во државите Мисисипи, Тенеси и Арканзас.
Во Мисисипи привремено се затворени десетици компании и 16 казина.Сегашните поплавни во басенот на Мисисипи се најтешките во последните децении.

Во почетокот на неделата водата ги проби браните во регионот на Мемфис, во државата Тенеси, и поплави делови од овој важен економски центар. Најсериозни штети беа предизвикани во сиромашните квартови на градот. При тоа се очекува ситуацијата уште повеќе да се влоши имајќи ги предвид прогнозите за поројни дождови и бури во четврток и петок . Можно е реката да се затвори за пловните објекти до понеделник. Засега нема податоци за жртви. Во повеќе држави, меѓутоа, има луѓе кои се прогласени за исчезнати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top